Матвиенко изјави дека не гледа неопходност за праќање миротворци во Украина

Спикерот на Советот на Федерацијата во Русија, Валентина Матвиенко, изјави дека не гледа неопходност за праќање миротворен контингент на истокот на Украина,

Спикерот на Советот на Федерацијата во Русија, Валентина Матвиенко, изјави дека не гледа неопходност за праќање миротворен контингент на истокот на Украина, образложувајќи дека Киев и самопрогласените републики самите треба да најдат соодветно решение за конфликтот, пренесува РИА „Новости“.

„Денес, според мене, нема потреба од воведува на било каков миротворен контингент. Сепак, тоа е внатрешна работа на Украина и со преговарачки процес Киев треба да најде соодветно решение“, изјави Матвиенко.

Таа исто така забележа дека треба да се воздржат политичарите од било какви изјави кои ќе попречат на преговорите за мир на југоистокот на Украина. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња