Американскиот бизнис започна рекламна кампања против воведување нови санкции кон Русија

Националната асоцијација на стопанственици во Масачусетс и Американската трговска комора се противат на воведувањето нови санкции против Русија.

Националната асоцијација на стопанственици во Масачусетс и Американската трговска комора се противат на воведувањето нови санкции против Русија. За да ја убедат јавноста, лобистите планираат рекламна кампања во најголемите медиуми. Првите написи ќе се појават на страниците на американските весници на 26 јуни. Авторите на статиите индиректно ќе го критикуваат ставот на Барак Обама.

За плановите на двете лобистички групи објави американската агенција Блумберг, повикувајќи се на анонимен извор.

Според информациите, овие агенции на 26 јуни во весниците The New York Times, The Wall Street Journal, The Washington Post ќе излезат со специјални текстови. Автори ќе бидат извршниот директор на Националната асоцијација на произведувачи на Масачусетс, Џеј Тимонс и претседателот на Американската трговска комора, Томас Донахеј. Тие ќе зборуваат за можните последици на новите санкции врз американскиот бизнис и работната сила.

Во статиите нема директно да биде спомнато името на Барак Обама, туку ќе се зборува за „некои политичари“ кои се залагаат за воведување нови санкции. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња