500 студенти од целата земја ќе учествуваат во изградбата на новиот руски космодром Восточни на Далечниот Исток на Русија, соопштено е во координативниот центар на космодромот.
Во изградбата ќе учествуваат студенти од градежните, архитектонските и аерокосмичките факултети.
На космодромот веќе работат млади луѓе од руските градови Казањ и Калининград. Студентите ќе работат на територијата на космодромот најмалку два месеца.
Првото лансирање на ракета-носач од космодромот Восточни е планирано за крајот на 2015 година, а првото лансирање на вселенски брод со екипаж – 2018 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче