Руската компанија „Гаспром“ и австриската OMV во вторникот потпишаа договор меѓу акционерите на заедничката компанија “South Stream Austria”, со што се потврдуваат принципите за изградба на делница од гасоводот „Јужен тек“ на територијата на Австрија, пренесува РИА „Новости“.
Овој документ беше потпишан во рамките на посетата на претседателот на Русија, Владимир Путин во Австрија.
Компаниите ќе поседуваат по 50% од заедничкото претпријатие. Договорот ги утврдува и конкретните права и обврски на акционерите, како и принципите за финансирање и поделба на приходот меѓу нив.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче