Западни медиуми: пазарот на воени беспилотни летала расте поради Кина и Русија

Пазарот на воени беспилотни летала може да порасне до 82 милијарди долари до 2022 година.

Пазарот на воени беспилотни летала може да порасне до 82 милијарди долари до 2022 година, пишува The Guardian, повикувајќи се на податоците од аналитичарите во HIS Jane’s. Како што забележува весникот, растот ќе биде остварен за сметка на Русија и Кина, додека во исто време САД ги намалуваат количините на нови апарати.

Во последниве десет години пазарот на „дронови“ процвета благодарејќи на воените апетити на Вашингтон, се кажува во статијата. Сега ситуацијата е променета, бидејќи воени бесилотни летала бараат и другите држави, вклучувајќи ги и противниците на САД, се забележува во статијата.

Лидери на светскиот пазар на „дронови“ се американските Northrop Grumman, Boeing, General Atomics, Lockheed Martin, пишува изданието. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња