Во последните дваесет и четири часа во Ростовската област во Руската Федерација пристигнале 7.000 бегалци од Украина, а околу 3.000 заминале во другите региони на Русија, изјави заменикот губернатор на областа, Сергеј Бондарев. Веста ја пренесува ИТАР-ТАСС.
Во меѓувреме, според неговите зборови, авионите на Министерството за вонредни состојби испорачуваат хуманитарна помош во областите каде има украински бегалци.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.