Министрите за надворешни работи на земјите од Европската унија не планираат денес да донесат одлука за нови санкции против Русија, изјави холандскиот министер Франк Тимерманс.
„Мислам дека нема да има одлука. Ќе разговараме за ситуацијата денес. Ако биде потребно разгледување на ова прашање до крајот на неделата, тоа ќе се случи на самитот на ЕУ“, изјави Тимерманс пред седницата на Советот на ЕУ за надворешна политика.
Во неделата беше изјавено дека премиерите на балтичките земји и претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо предложиле воведување нови санкции против Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче