„АвтоВАЗ“ со три нови модели на автомобили есенва

Руската компанија „АвтоВАЗ“ ќе започне со производство на три нови автомобили.

Руската компанија „АвтоВАЗ“ ќе започне со производство на три нови автомобили: Лада Калина Крос, 4х4 Урбан и Лада Ларгус Крос. Производството на овие автомобили е планирано да почне во септември, октомври и ноември, соопштува прес-центарот на компанијата.

Според податоците на „АвтоСреда“, моделот 4х4 ќе добие клима уред, додека другите ќе добијат усовршени системи за стабилизација за време на возењето.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.