Австрија е заинтересиран „Јужен тек“ да биде реализиран, изјави министерот за европска и меѓународна политика, Себастијан Курц.
„Потребно е не само да има повеќе испорачувачи, туку и повеќе маршрути по кои гасот ќе се испорачува во Европа, и затоа „Јужен тек“ е поддржан не само од Австрија, туку и од други европски земји, изјави министерот. Според неговите зборови, „минимум пет земји се директно заинтересирани за проектот“.
Темата за изградба на гасоводот ќе биде разгледана во рамките на посетата на претседателот на Русија, Владимир Путин во Австрија на 24 јуни. Планирано е во австрискиот главен град во вторник да биде потпишан договор со компанијата South Stream Austria.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче