„Шаторскиот град“ во Ростовската област, организиран на границата со Украина за бегалците од територијата на таа држава е „прекрасно организиран“, пренесува РИА „Новости“, повикувајќи се на изјавата на Баис Вак-Воја, претставник на ООН во Русија.
„Ова е прекрасно организирано. За мене ова е првпат да видам една држава самостојно да организира ваков добар прием за бегалците“, изјави Вак-Воја.
„Државата ја зеде обврската да обезбеди за бегалците сѐ, вклучувајќи Интернет и сим-картички“, изјави претставникот на ООН, додавајќи дека сето тоа било направено без помошта на ниту една меѓународна организација.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.