Лавров и Кери разговараа за мировниот план на Порошенко

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров и државниот секретар на САД, Џон Кери за време на телефонски разговор ја разгледаа ситуацијата во Украина во контекст на објавениот мировен план од страна на претседателот на Украина, Петро Порошенко, пренесува прес-службата на МНР на Русија.

Разговорот бил извршен на 22 јуни по инцијатива на американската страна.

Лавров подвлече дека е невозможно да се деескалира ситуацијата без целосен прекин на борбените дејства и примирје.

Министерот исто така забележа дека Киев треба да се откаже од ултимативните барања и треба да се застапи за рамноправен дијалог со претставниците од Луганск и Донец со цел да се постигне целосно регулирање на кризата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња