Црноморската флота за шест години ќе добие 30 бродови

Согласно програмата за бродоградба за армијата на Русија, планирано е Црноморската флота во наредните шест години да испорача околу 30 воени бродови од различни класи.

Согласно програмата за бродоградба за армијата на Русија, планирано е Црноморската флота во наредните шест години да испорача околу 30 воени бродови од различни класи, изјави за време на свечената промоција на питомците од воените поморски школи во Санкт Петербург адмиралот Виктор Чирков.

Црноморската флота до 2016 година ќе добие шест подморници од проектот 636, а следната година првиот од шесте патролни бродови од проектот 1135.6. Освен тоа, според зборовите на Чирков, флотата ќе добие и шест патролни бродови за отворено море од проектот 22160. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња