Претседателот на Русија, Владимир Путин, нареди да се изврши непланирана проверка на борбената готовност на Централниот воен округ, пренесува РИА „Новости“.
„Во согласност со указот, од 11:00 часот по московско време војската во Централниот воен округ се става во состојба на борбена готовност“, изјави шефот на министерството за одбрана, Сергеј Шојгу.
Вчера генералниот штаб започна со непланирана проверка на борбената готовност на војската во Централниот воен округ. Во рамките на вежбата активирани беа зенитни ракетни системи кои се наоѓаат на територијата на Урал и Западен Сибир.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче