Заканите на американската администрација дека ќе воведе нови санкции кон Русија поради нејзиното мешање во внатрешните работи на Украина повеќе немаат сила и Москва, и, како што предупредува НАТО, нема намера да отстапува или менува нешто во својата политика, тврди американското политичко списание Foreign Policy во статија со наслов „САД ѝ се закануваат на Русија со нови санкции. Пазарот зева.“
После изјавата на генералниот секретар на НАТО, Андерс фог Расмусен дека Русија сконцентрирала значаен воен контингент на границата со Украина, претставниците на американската администрација повторно започнаа да зборуваат за санкции против РФ.
„Ако Русија не сака да ја менува својата политика, САД и меѓународната заедница се подготвени да воведат дополнителни санкции“, изјави министерот за финансии на САД, Џејкоб Лу во Берлин после средбата со германскиот колега Волфганг Шојбле.
Сепак, целокупното внимание на Белата куќа сега е насочено на Ирак, а претходната политичка санкција само создаде поголем јаз меѓу лидерите на САД и Европа. Во статијата се напомнува дека светскиот пазар повторно е подготвен да ја прими Русија назад и аналитичарите забележуваат дека руската валута веќе расте, исто како и руската берза.
„Инвеститорите едноставно повеќе не веруваат во реториката на Белата куќа: зборовите не се проследени со дела и сличните изјави веќе не се земаат сериозно“, изјави за списанието директорот на одделот за истражување на пазарите во развој, Тим Еш.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче