Русија мора да ги вклучи институтите на ООН, Советот за безбедност, ОБСЕ во истрагата на ситуацијата во Украина, изјави во саботата за РИА Новости претседателот на комисијата за мониторинг на ситуацијата во Украина во Советот за Федерацијата, Владимир Џабаров.
„Последните чекори на Украина, вклучувајќи го и минофрлачкиот напад на нашиот граничен премин, покажуваат дека сакаат да нѐ вовлечат во војна со братски народ, што е апсолутно неприфатливо“, изјави парламентарецот. Тој истакна дека украинското раководство сака внатрешниот конфликт да го претвори во меѓународен. „Тоа воопшто не смее да се дозволи, и затоа следеше остра реакција на МНР на Русија за овие случувања“, изјави сенаторот.
Тој истакна дека некои вжештени глави сега повикуваат на нападот да се одговори со напад, „но тоа ќе биде катастрофа“ – зар таква реакција да имаме кон братски народ?
Коментирајќи го мировниот план на претседателот на Украина, Петро Порошенко за прекин на огнот, политичарот истакна дека од устата на новоизбраниот претседател повеќепати се слушале убави зборови, „но за жал, зборовите не коинцидираат со постапките“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче