Западни медиуми: САД бара засилување на санкциите против Русија

Шефот на Министерството за финансии во САД, Џејкоб Лу предвидува засилување на санкциите против Русија, пишува The Wall Street Journal. Ова Лу го изјави за време на средбата со министерот за финансии на Германија, Волфганг Шојбле.

„Се наоѓаме во ситуација кога Русија треба да направи фундаментален избор“, изјави Лу. „Ние се надеваме дека Русија сериозно гледа на преговорите меѓу претседателот Петро Порошенко и Владимир Путин, и дека земјата ќе се потруди дипломатски да се разреши украинската криза“, забележа шефот на американското министерство за финансии.

„Но Русија треба да сфати дека ако тргне по друг пат, тогаш ќе бидат потребни дополнителни мерки“, подвлече Лу. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња