Путин разговараше со членовите на Советот за безбедност на Русија за ситуацијата во Украина

Претседателот Владимир Путин во четвртокот вечерта одржа состанок со постојаните членови на Советот за безбедност, за време на кој се разговарало за ситуацијата на југоистокот на Украина, соопшти портпаролот на претседателот, Дмитриј Песков.

Освен тоа, Путин на 19 јуни по телефон разговараше со германската канцеларка, Ангела Меркел и со претседателот на Франција, Франсоа Оланд. Политичарите разговараа за можните последици во случај на крах  на разговорите со Киев за регулирање на испораката на рускиот гас, за економијата и енергетската безбедност на Европа. Претседателот Путин изрази сериозна загриженост поради воената операција на Киев. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.