Православните активисти го замолија градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, да го откаже концертот на Мерилин Менсон, закажан за 27 јуни во Москва. Според нив, неговиот концерт „потпаѓа под рускиот закон за заштита на чувствата на верниците“, пренесува РИА „Новости“.
Како што изјави лидерот на православното движење „Божја Волја“, Дмитриј Цорионов, активистите се изненадени од „богохулството кое се користи во текстовите на песните, како и во однесувањето за време на концертите“.
Освен тоа, активистите се уверени дека „концертите на оваа група често стануваат место за врбување во окултни и деструктивни групи кои практикуваат педофилија, наркоманија, вандализам и ритуални убиства“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче