Русија ја повика Украина да биде внимателна околу прашањето за границата

Москва го повика Киев да биде внимателен околу решавањето на прашањето за државната граница, пренесува РИА „Новости“, повикувајќи се на заменикот министер за надворешни работи на Русија, Григориј Карасин.

На 18 јуни Врховната рада на Украина ѝ препорача на владата во период од еден месец да ги определи документите кои се неопходни за спроведување на демаркација на земниот дел од границата со Русија.

„Најважно е тоа разумно да се направи, без штета за ниту една страна. Пограничните прашања се доста чувствителна тема, и затоа кон нив треба посебен однос“, изјави Карасин.

Тој исто така изјави дека Москва е подготвена за контакт и со новиот шеф на МНР на Украина, Павел Климкин. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња