Властите на главниот град на Русија објавија национален конкурс со меѓународно учество за дизајнирање на две станици од московското метро - „Новопределкино“ и „Солнцево“, пренесува РИА „Новости“, повикувајќи се на изјава на заменикот градоначалник на главниот град за градежна политика, Марат Хусунулин.
Како што подвлече Хусунулин, учесниците на конкурсот треба да предложат своја варијанта за дизајн на станиците, надворешен изглед и шема за навигација во самата станица.
Конкурсот ќе се одржи во две етапи. Во првата ќе бидат избрани 10 екипи кои ги предложиле најдобрите решенија, а финалистите на првата етапа ќе работат меѓу себе за да го добијат фондот од 3,89 милиони рубљи.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче