Во Русија е создадено уникатно средство за заштита на космонаутите

Вселенската индустрија и медицина во Русија имаат свои сопствени изуми кои овозможуваат заштита на космонаутите од радијација за време на подолг престој на Марс.

Вселенската индустрија и медицина во Русија имаат свои сопствени изуми кои овозможуваат заштита на космонаутите од радијација за време на подолг престој на Марс, изјави во вторникот академик Анатолиј Григориев, раководител на Институтот за медицинско-биолошки проблеми.

„Ние засега не сакаме да зборуваме за нашите нови изуми. Физичките средства за заштита го намалуваа продорот на космичките честички во човековиот организам. Фармаколошките и хемиските препарати ги сведуваат на минимум последиците од навлегувањето на истите честички во организмот на космонаутите“, соопшти Григориев. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња