Сигурносните депозити за Виза и Мастер ќе бидат намалени

Ова го потврди првиот потпретседател на руската влада Шувалов.

Висината на сигурносните системи за интернационалните платежни системи Виза и Мастеркард, ќе бидат смалени, но нема да бидат укинати - ова го потврди првиот потпретседател на руската влада Игор Шувалов. 

Според неговите зборови, Москва чини се што е во нејзина моќ за да ги задржи овие системи во РФ. Претходно Централната банка на Русија предложи дури десеткратно да се намалат сигурносните депозити на меѓународните платежни системи кои работат во РФ. Заменикот на шефот на Одборот на Државната дума за финансиски пазари, Анатолиј Асаков изјави дека барањата на руските власти кон меѓународните платежни системи ќе бидат ублажени до 1 јули.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња