Сибирска сила - од август кон Кина

Гасоводот кон Кина стартува со градба.

Гаспром веќе во август ќе започне да ги заварува првите цевки за гасоводот „Сибирска сила“, со кој ќе се реализира испораката на гас за Кина, изјави првиот човек на компанијата, Алексеј Милер.

Гаспром и кинеската компанија CNPC потпишаа договор во мај за испорака на руски гас во Кина, во траење од 30 години и 38 милијарди кубици гас годишно.

„Сибирска сила“ ќе биде гасно-транспортен систем за траспортирање на гас од Јакутскиот и Иркутскиот центар на Далечниот исток на Русија и Кина.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња