Претседателот на РФ ќе присуствува на финалето во Бразил, каде после завршувањето на натпреварот ќе и биде предадено правото на Русија за одржувањето на следното Светско фудбалско првенство, пренесуваат руските медиуми.
Финалето е закажано на 12 јули на стадионот „Маракана“, во Рио де Женеиро. На церемонијата на предавање, покрај Путин, ќе присуствува и претседателката на Бразил Дилма Русев, како и бројни спортски функционери, вклучително и членовите на Организациониот комитет за подготовка на СП - 2018, а и претставници на 11 руски градови каде истото ќе биде одржувано.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.