Норвешка не може да го надополни гасот кој го испорачува Русија во Европа

Норвешката нафтена компанија Statoil не може да ги замени руските испораки на гас во Европа во случај да ескалира конфликтот меѓу Гаспром и Нефтогас, изјави извршниот директор на Statoil, Хелге Лунд.

Норвешката нафтена компанија Statoil не може да ги замени руските испораки на гас во Европа во случај да ескалира конфликтот меѓу Гаспром и Нефтогас, изјави извршниот директор на Statoil, Хелге Лунд.

Според зборовите на Лунд, компанијата може да ги зголеми испораките, но не е способна да обезбеди количини еднакви на оние кои ги испорачува Русија, која е втор извозник на гас во светот.

Шефот на Statoil изрази надеж дека ќе биде пронајдено прагматично решение на проблемот поради евентуалниот прекин на испораките на руски гас во Европа преку Украина. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња