Националниот совет за радиодифузија се заканува се заканува со забрана за емитување на RT и другите руски ТВ канали

Националниот совет за радиодифузија на Украина бара забрана за емитување на неколку руски ТВ канали на територијата на Украина, меѓу кои е и телевизискиот канал RT.

Националниот совет за радиодифузија на Украина бара забрана за емитување на неколку руски ТВ канали на територијата на Украина, меѓу кои е и телевизискиот канал RT.

НСР на Украина ја разгледува можноста судски да побара забрана за емитување на неколку ТВ канали на територијата на Украина, стои во соопштение на претседателот на Националниот совет, Владимир Манжосов.

Агенцијата во моментов се занимава со мониторинг на програмите на ТВ каналите LifeNews, а мониторингот наскоро ќе биде проширен и на неколку други ТВ канали. Според податоците на Националниот совет, TVCI е емитувана во Украина од 165 провајдери, РЕН ТВ – 26, LifeNews – 39 и RT – 11 провајдери.

Ова не е прв случај на забрана за емитување на руските ТВ канали во Украина. Истото се случи во март 2014 година, кога Националниот совет побара да се исклучи „Русија 24“, Првиот канал, РТР Планета и НТВ-Мир. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња