Јацењук наложи да се засили безбедноста на украинските гасоводи

Јацењук нареди на надлежните ресори да ја зголемат безбедноста на украинските гасни, транспорнти ситеми.

„Пред неколку недели предвидовме дека се можни планирани диверзии, со цел да се разниша репутацијата на Украина како сигурен транзитер на гас“, рече Јацењук на отворањето на седницата на владата во средата.

Ова е дополнително поттикнато од силната експлозија која се случи на делницата од гасоводот Уренгој Помари во Полтавската област. Како главна причина за оваа експлозија се смета дека е терористички напад.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.