Дејствата на компанијата „Гаспром“ ја зголемија напрегнатоста во односите меѓу Русија и Укриана, пишува The New York Times. Претходно беше соопштено дека „Гаспром“ од вчера воведе авансен режим на плаќање на гасот кој го испорачува во Украина поради тоа што украинската страна не го подмири долгот. Како што смета весникот, претставници на обете страни си размениле остри реплики и заемни обвинувања.
Весникот смета дека причина за воведување на овој систем на плаќање се два големи спора. Прво, како што смета списанието, тоа може да се заострување на ситуацијата на истокот на Украина и напад на амбасадата на Русија во Киев. Второ – плановите на „Гаспром“ за изградба на алтернативен гасовод преку Црното море, што посебно ја обеспокојува Европа, се кажува во статијата.
Според мислењето на весникот, решавачкиот момент ќе настапи на крајот на јули, кога Украина и остатокот од Европа ќе започне да ги полнат гасните резервоари поради зимата.
The Wall Street Journal смета дека ограничувањето на испораките на природен гас во Украина може да доведе до понатамошна дестабилизација на украинската економија. Тоа исто така предизвикува опасност од намалување на испораките во Европа.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче