Руски пратеник: Изјавата за демаркација на границата со Русија е шизофренична бесмислица

Шефот во Државната дума за соработка со ЗНД, Леонид Слуцки, коментирајќи ја одлуката на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина за еднострана демаркација на границата со Русија, побара да се престане со посветувањето внимание на „шизофреничните измислици“ на сегашните киевски власти.

„Самопрогласените власти во Украина, поточно хунтата која убива луѓе само затоа што не се Руси на истокот на земјата, повеќе не знае на кој начин да ѝ наштети на Русија, па тоа го прави со изјави за забрана на територијата на Украина на граѓани од Русија од машки пол меѓу 16 и 60 години, па со навлегување со оклопни возила на територијата на Русија, па со обиди за лишување на членството на Русија во ООН“, изјави Слуцки, а пренесува РИА „Новости“.

Ако Киев започне со демаркација на границата, тоа е нивна работа, тоа на ниту еден начин не може да не погоди и да ги загрози нашите државни интереси, нагласи пратеникот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.