Адмирал Виктор Чирков изјави дека подморниците од петтата генерација во Русија ќе бидат опремени со боеви роботи, пренесува РИА „Новости“.
Чирков забележа дека во тек е остварувањето на проектот за создавање нуклеарни подморници од петтата генерација.
„Зголемувањето на боевите можности на атомските и неатомските подморници во иднина ќе биде обезбедено со помош на интеграција во нив на вооружување од роботизираните комплекси. Тоа е веќе предвидено според плановите, и тие планови веќе се остваруваат“, изјави Чирков.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче