Западни медиуми: Путин повторно е во мода поради приклучувањето на Крим

Претседателот на Русија, Владимир Путин повторно е во мода кај жителите на неговата држава поради приклучувањето на Крим, пишува The Times. Така весникот ја коментираше продажбата на маички со ликот на рускиот лидер.

„Еуфоријата поради враќањето на Крим е забележлива во секој аспект на секојдневниот живот во Русија“, се кажува во статијата. Многу критичари на Кремљ се согласуваат дека полуостровот, кој беше подарен од советскиот лидер Никита Хрушчев во 1954 година, ѝ припаѓа на Русија, забележува изданието. Весникот додаде дека рејтингот на Путин пораснал од почетокот на годината за 18% и изнесува 83%.

Во статијата, исто така, се забележува дека културните последници од приклучувањето на Крим не се ограничуваат само со продажбата на маици со ликот на Путин. Во Москва се појавија плакати „Го вративме Крим - ќе ја вратиме и Москва без сообраќајни гужви“, а сибирска фабрика за чоколада започнала со производство на бонбони со име „Крим. Е па, земи!“, заклучува весникот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.