Претседателот на Украина, Петро Порошенко, на заседанието на Советот за национална безбедност и одбрана забрани било каков вид соработка со Русија во воено-индустриската сфера, пренесува РИА „Новости“.
Според зборовите на првиот вицепремиер на Украина, Виталиј Јарема, претходниот указ од в.д. претседателот на Украина, Александар Турчинов, забрануваше соработка во воената сфера од гледна точка на производството и извозот на оружје во Русија.
Сепак, и покрај тој указ, двете држави соработуваа заедно во производството на мотори за хеликоптери кои можат да бидат искористени во воени и во цивилни цели.
„Денес претседателот категорично забрани било каква соработка со воено-индустрискиот комплекс на Руската Федерација“, изјави Јарема.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче