Украина изјави дека доколку Русија не одобри ниска цена за гасот, Киев ќе зема гас бесплатно колку што ќе посака. Ова го изјави шефот на „Гаспром“, Алексеј Милер, за време на средбата со премиерот на Русија, Дмитриј Медведев, пренесува РИА „Новости“.
„Станува збор за тоа дека „Гаспром“ треба да ѝ даде на Украина ниски цени, речиси исти како и за Царинската унија, а доколку тоа не се случи, тогаш Украина нема да го подмири својот долг за испорачаниот гас и ќе зема од нас гас колку сака“, изјави Милер.
Според неговите зборови, ваквите барања и услови се неприфатливи за Русија. Шефот на „Гаспром“ смета дека Русија на преговорите предложи далеку попогодни услови за Украина од тие кои постоеја дури и додека Виктор Јанукович бил претседател. Меѓу другото, Русија гарантирала намаление од 100 долари до крајот на 2019 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче