Западните земји го блокираат во Советот за безбедност при ООН предлогот на Русија за осуда на нападот на руската амбасада во Киев, изјави за РИА „Новости“ дипломатски извор во светската организација.
Русија предложи заедничка изјава во саботата. Петнаесет земји на СБ го добија предлогот за осуда на нападот врз руската амбасада во Киев, за време на кој е оштетена зградата и имотот на амбасадата, а воедно се ставени во опасност животите на соработниците на дипломатската мисија.
Вчера пред амбасадата се собраа околу 500 луѓе. Тие фрлаа димни бомби, молотови коктели, симнато е руското знаме, цртани се свастики и било повикувано да се запали амбасадата.
Милицијата во Киев не направи ништо за да го спречи нападот на амбасадата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче