Вулгарните изјави на Дешчица за Путин МНР на Русија ги нарекува „политичка некултура“

Константин Долгов, соработник на МНР на Русија, изјави дека вулгарните пораки кои ги упати в.д. министерот за надворешни работи на Украина, Андреј Дешчица кон Владимир Путин, се показател какви луѓе дошле на власт во Украина.

Константин Долгов, соработник на МНР на Русија, изјави дека вулгарните пораки кои ги упати в.д. министерот за надворешни работи на Украина, Андреј Дешчица кон Владимир Путин, се показател какви луѓе дошле на власт во Украина.

„Сметам дека тоа не заслужува никаков коментар. Тоа едноставно уште еднаш ја покажува политичката култура, односно некултура на оние кои сега се на власт во Киев. Тоа е сосема добар показател за целиот свет со кој треба да имаме работа во Киев. Мислам дека ако вршителот на должноста министер за надворешни работи си дозволува такви нешта пред телевизиските камери, тој треба да биде свесен какви заклучоци ќе бидат донесени и какви последици ќе следат. Тоа, секако, е недопустлив гест“, изјави Долгов.

Претходно претседателот на Комитетот при Државната дума за меѓународни прашања, Алексеј Пушков, изјави дека Дешчица треба да биде сменет од таа позиција поради неумешност да се контролира.

Дешчица употреби погрден израз зборувајќи за претседателот на Русија, Владимир Путин за време на разговорот со учесниците во нередите пред руската амбасада во Киев. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња