Министерот за надворешни работи на Руската Федерација на 16-ти јуни ќе ја посети Србија.
Сергеј Лавров ќе се состане со претседателот на Србија, Томислав Николиќ, претседателот на владата на Србија, Александар Вучиќ, а ќе одржи и преговори со својот колега, министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.
Во рускиот надворешнополитички ресор изјавуваат дека посебно внимание ќе биде посветено на проширувањето на политичката заемна соработка, предвидена според Декларацијата за стратешко партнерство меѓу Русија и Србија, која беше потпишана во Сочи на 24 мај 2013.
Во Министерството за надворешни работи на Русија се надеваат на „содржајна размена на мислења за актуелните меѓународни прашања, вклучувајќи ги проблемите со кои се соочува Европа и ситуацијата на Балканот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче