Националната акционерска компанија „Нефтогас Украина“ денес, на 16 јуни, даде тужба против „Гаспром“ во судот во Стокхолм, пренесува агенцијата Регнум.
Според информацијата, украинската компанија бара воведување на „праведна и пазарна“ цена за гасот кој „Гаспром“ го испорачува во Укрина.
Да спомнеме дека денес „Гаспром“ се обрати до Стокхолмската меѓународна арбитража со барање за надоместување од 4,5 милијарди долари поради неизвршувањето на обврските на „Нефтогас“ според постоечкиот договор за купопродажба на гас.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче