Германската канцеларка, Ангела Меркел и претседателот на Франција, Франсоа Оланд, за време на телефонскиот разговор со претседателот на Русија, Владимир Путин, го повикаа ефективно да ја контролира државната граница за да се прекине потокот на оружје во Украина. Ова е соопштено на интенрет-страницата на германската канцеларка.
Се забележува дека Меркел и Оланд се загрижени поради соборениот авион во Луганск, како и поради големиот број загинати.
„Инцидентот ја потврдува неопходноста од брз прекин на огнот на истокот на Украина, што претходно побара и претседателот на државата, Петро Порошенко“, се кажува во извештајот.
„Владата на Русија треба да го искористи своето влијание на истокот на Украина за да ги убеди страните да ги прекинат борбите“, се забележува во извештајот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче