Претседателот на Боливија, Ево Моралес, ја покани Русија да се приклучи во Г-77, пренесува боливиската агенција ABI.
„За извршување на нашите задачи, ние ја повикуваме Русија и другите држави, кои се наши браќа, да се приклучат во Г-77“, изјави Моралес на самитот во формат Г77 плус Кина.
Тој забележа дека доколку Русија се приклучи, тогаш ќе може да се зборува за формат „Г-77 плус Кина и Русија“.
Г-77 е најголемата меѓудржавна организација на земји во развој. Првичниот број држави-членки во неа беше 77, но сега во неа членуваат 133 земји.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче