Учесниците во протесните акции пред амбасадата на Русија во Киев го симнале од јарболот знамето на Руската Федерација.
Во протестите учествуваат околу стотина лица. Превртени се и автомобилите паркирани пред зградите кои припаѓаат на соработниците на амбасадата, а се фрлаат и јајца наполнети со зелена боја.
Пред зградата наредени се автомобилски гуми кои учесниците во протестите сакаат да ги запалат.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.