САД ја обвинија Русија за праќање тенкови и системи „Град“ на доброволците

Доброволците на југоистокот на Украина добиваат од Русија тенкови и системи „Град“, изјавено е во Стејт департментот на САД.

Доброволците на југоистокот на Украина добиваат од Русија тенкови и системи „Град“, изјавено е во Стејт департментот на САД.

Според информациите на Стејт департментот, колона од три тенка Т-64 и неколку реактивни системи „Град“ и други воени транспортни средства ја преминале границата кај украинскиот град Снежноје.

Тенковите Т-64 се застарени и не се користат во руската армија, поради што во Стејт департментот е истакнато: „Русија ќе тврди дека тенковите припаѓаат на украинските сили, но на тоа подрачје воопшто нема тенковски единици. Ние сме сигурни дека тие тенкови дошле од Русија“.

Стејт департметнот нагласи дека „интернет-видеото“ сведочи за тоа дека руски тенкови се наоѓаат на територијата на Украина, но никој не прецизираше за каква видео снимка станува збор. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња