Единствен „напредок“ за време на консултациите со Украина околу прашањето за гасот претставува растот на долгот за гас, кој сега изнесува над 2 милијарди долари, изјави директорот на „Гаспром“, Алексеј Милер.
„Ако зборуваме за напредок, украинскиот долг кон Русија, кон „Гаспром“, за време на консултациите порасна над 2 милијарди долари. Во Украина досега бесплатно се испорачани 11,15 милијади кубни метри гас. Ете, и тоа е напредок“, изјави Милер, одговарајќи на прашањето за напредокот во однос на консултациите околу гасот, пренесува РИА „Новости“.
Милер во четвртокот истакна дека конечниот датум за преминување на авансно плаќање ќе биде 16 јуни во 10:00 часот по московско време и дека тој рок повеќе нема да се поместува.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче