Украина се подготвува за прекин на испораките на гас од Русија

Премиерот на Украина, Арсениј Јацењук, им порача на надлежните во Министерствата, раководството на „Нефтогас“ и регионалните државни управи да се подготват за прекин на испораката на руски гас од 15 јуни. Ова го објави порталот на украинската влада.

Јацењук, исто така, наложи Министерството за правда на Украина да заврши со подготовката на сите неопходни документи за да се оспори цената на гасот која ја предложи руската страна на судот во Стокхолм.

Претходно Гаспром објави дека доколку на 16-ти јуни наутро Украина не го исплати долгот од 1,951 милијарди долари, Русија ќе продолжува да испорачува гас авансно. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња