Украина се надева дека во наредните два дена ќе се договори со Гаспром околу прашањето за испораката на гас за да се избегне прекин на соработката. Како што изјави директорот на „Нефтогас“, Андреј Коболев, Киев предлага да се одржат преговори и е подготвен за нив во било кое време.
Во меѓувреме, Русија преминува на авансен режим на плаќање за гасот кој го испорачува на Украина. Како што пренесува портпаролот на претседателот на Русија, Дмитриј Песков, Москва е принудена да направи чекор, бидејќи Киев не планира да го плати својот долг и не сака преговори.
Песков, исто така, нагласи дека не може да ја коментира одлуката на премиерот на Украина, Арсениј Јацењук, кој му наложи на своите министри да се подготват за прекин на испораките на гас од Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче