Русија не планира состаноци со претставниците на Европската комисија и Министерството за енергетика на Украина за да се разговара за гасот до понеделник во 10 часот, на 16 јуни, соопшти официјалната претставничка на Министерството за енергетика на Русија.
Директорот на Гаспром, Алексеј Милер, во четвртокот изјави дека руската компанија не планира повеќе да го одложува рокот на Украина за авансно плаќање на гасот. Гаспром очекува украинската страна да уплати 1,9 милијарди долари до 10 часот (по московско време) на 16 јуни. Во случај да не се случи испораката, Украина ќе биде префрлена на авансно плаќање.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче