Олигархот Коломојски му предложи на Порошенко да ја издвои Украина од Русија со ѕид

Во канцеларијата на претседателот на Украина, Петро Порошенко, пристигна инженерски проект за изградба на ѕид со должина од 1.920 километри вдолж границата со Русија, пренесува „Интерфакс“. Овој проект го предложи губернаторот на Днепропетровската област на Украина, Игор Комомојски.

Според зборовите на заменикот губернатор на Днепропетровската државна администрација, Светослав Олејник, проектот има цел „спречување на физичкиот продор од руската држава која спроведува агресија“ кон Украина.

Проектот предвидува вдолж границата на територијата на Донецката, Харковската и Луганската област да биде изградена метална ограда од висококвалитетен челик со бодликава жица низ која ќе тече струја. Пред оградата предвидено е да има широки ровови и бодликата жица, а просторот меѓу рововите и оградите да биде забранет за влегување и треба да биде целосно миниран.

Рокот за реализација на проектот е шест месеци, а вкупната вредност на градежните работи е проценета на околу 100 милиони евра. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња