Москва не е согласна со тврдењата дека таа е виновна за неуспехот во преговорите за гасот

Русија категорично не е согласна со обвинувањата на Киев за неуспехот во преговорите околу гасот, изјави портпаролот на претседателот на Русија, Дмитриј Песков.

Русија категорично не е согласна со обвинувањата на Киев за неуспехот во преговорите околу гасот, изјави портпаролот на претседателот на Русија, Дмитриј Песков.

Според неговите зборови, Русија не добила адекватен одговор на предлозите кои се и повеќе од флексибилни.

Песков нагласи дека руската позиција ја изложил на раководството на Гаспром, и дека таа е „конструктивна и транспарентна“. Портпаролот потсети дека таа е основана на моменталниот договор.

Дали преговорите меѓу Москва и Киев околу гасот ќе продолжат, зависи од Украина, нагласи Песков. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња