Луганската народна република планира создавање сојузна држава со Русија

Раководството на самопрогласената Луганска народна република постави пред себе задача за изградба на демократска, правна и социјална држава, како и создавање на сојузна држава со Русија.

Раководството на самопрогласената Луганска народна република постави пред себе задача за изградба на демократска, правна и социјална држава, како и создавање на сојузна држава со Русија.

Како што пренесува „Интерфакс“, ова се кажува во „тезите“ кои се наоѓаат во програмата за дејствата на владата на ЛНР.

До крајот на 2015 година раководството на самопрогласената република сака да обезбеди паралелна циркулација на руската валута и гривната. Освен тоа, ЛНР ќе ја стабилизира економијата и социјалната сфера и ќе ги зацврсти односите со Русија.

Владата на ЛНР, исто така, објави дека една од целите на оваа република е да се додели руско државјанство на нејзините жители. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.