Гаспром не планира да го продолжи датумот за авансно плаќање и испорака на гас во Украина, изјави директорот на руската компанија, Алексеј Милер.
„Знаете дека воведувањето на авансното плаќање беше уште еднаш одложено по молба на Европската комисија - до 16-ти јуни. Тој датум повеќе нема да се менува“, изјави Милер.
Милер, исто така, изјави дека Гаспром дотогаш мора да види на својата сметка 1,951 милијарди долари. Во спротивен случај, ќе биде веднаш воведен системот на авансно плаќање.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче