Донецката народна република ќе ја воведе руската рубља во оптек

Раководството на самопрогласената Донецка народна република планира да воведе заедничка циркулација на рубљата и на гривната, известува РИА „Новости“.

Раководството на самопрогласената Донецка народна република планира да воведе заедничка циркулација на рубљата и на гривната, известува РИА „Новости“.

Според зборовите на вицепремиерот на ДНР, Андреј Пургин, соодветното решение потекнува од програмата на дејствата на ДНР, усогласени после заседанието на владата.

Притоа, роковите за премин кон овој двоен систем се држат во тајна, но се планира истите да бидат остварени што е можно побрзо. „Но и тоа ќе биде привремена варијанта, бидејќи во иднина планираме целосен премин на рубљата“, уточни Пургин.

Според неговите зборови, двојниот систем ќе биде воведен за да се не сруши банкарскиот систем во земјата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.